еМагазин
Image default
Бизнис

„Кемет Електроникс“ ја проширува својата фабрика во Бунарџик

Со инвестиција од 10 милиони евра американската компанија „Кемет Електроникс” го проширува капацитетот на фабриката во ТИРЗ Скопје 1. Се прави нова линија за автоматско производство на кондензатори за автомобили, како и нова хала, а се отвора и Центар за истражување и развој на нови кондензатори и просторија за тестирање на нови материјали.

Со тоа се предвидува бројот на вработени од сегашните 270 да се зголеми на 500. Според најавите, новата линија треба да биде  пуштена во функција од август годинава, а новата хала да почне да функционира во мај 2022 година.

„Кемет Електроникс“ ја отвори фабриката во Скопје во октомври 2012 година. Наменета е за производство на електронски производи наменети за вселенската, авионската, воената и автомобилската индустрија.

Фабриката е лоцирана во технолошко-индустриската развој на зона Бунарџик на површина од 11.000 квадратни метри, од кои  9.000 се производствен капацитет.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Основен суд Скопје 2 склучи договор со „Еви интернатионал траде„ за набавка на компјутери, вреден 371,6 илјади евра

Редакција

Министерството за здравство распиша тендер за набавка на 80.000 лубриканти

Редакција

„Распродажба“ во „ЗК Пелагонија“: Акционерите ќе одлучуваат за отуѓување на „Комплекс Александрија“ и „Скопско поле“

Редакција