Бугарскиот премиер Кирил Петков во објава на својот Фејсбук профил објави дека никој нема да ги спречи него и македонскиот премиер Димитар Ковачевски да напредуваат во односите меѓу Софија и Скопје.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Петков, Република Бугарија и Република Северна Македонија треба активно да го промовираат развојот на заеднички компании, кои заедно ќе создаваат голема додадена вредност, да имаат растечки економии, заеднички детски кампови, заеднички концерти, да имаме заеднички образовни програми, да нема граница меѓу нашите две земји, да нема дискриминација, да нема говор на омраза, да се градат автопати и да имаме модерни железнички линии.
За многумина, според бугарскиот премиер Кирил Петков, овие зборови звучат како сон, други организираат секакви провокации за тоа да не се случи, а трети едноставно не сакаат стабилност на Балканот.
– Јас и Димитар веруваме дека тоа е можно, и нема да подлегнеме на провокации, туку ќе работиме упорно и заедно да го постигнеме тоа. А на сите злонамерни страни можам само да им порачам „нема да не спречите!“, објави Петков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Петков го “исече“ Ковачевски од фотографијата од средбата со Блинкен
МИА/Фото: Влада