еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Објавени три едиции книги и сликовници со „Стела и Сани“ во издание на Паблишер

Стела, Сани и сите мали сонувачи изминаа долг пат. Од првите чекори и првите научени букви, до тинејџерските денови и младинските проблеми. Најпосле, по еден куп прекрасни сликовници, боенки и значајни книги за деца и млади, со објавувањето на сликовницата „Дали е обичен ден или роденден“, се комплетира уште една едиција сликовници од „Стела и Сани“.

Стела и Сани се првите 3D анимирани ликови кои станаа главно обележје на едукативни сликовници, видеа и книги и омилени пријатели на децата. Со овој проект, Паблишер и Вертиго Висуал, со поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој, имаа за цел да создадат домашна и квалитетна едукативна содржина за најмладите.

За потребите на проектот беа ангажирани едни од најреномираните домашни автори, илустратори и креативци – Винка Саздова и Венко Андоновски со своите први книги за деца и млади, Јагода Михајловска-Георгиева, која веќе е истакната авторка на литература за деца, Бистра Георгиева која ги потпишува сите сликовници, и илустраторките Катерина Николовска и Наталија Лукомска. Сите тие придонеса за извонредни изданија со едукативни содржини со кои ќе растат уште многу генерации.

Секоја статуетка за оваа едиција е доказ за успехот на нејзината мисија. Неверојатно забавната и поучна „Азбука“ доби признание од Македонската асоцијација на издавачи за освоено прво место во категоријата Најкреативно издание.

Нејзиниот автор, Венко Андоновски, неодамна се закити и со наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади, токму за романот кој е дел од оваа едиција, „Имаш пчела на носот“. Комисијата од Друштвото на писатели на Македонија потврди дека сите три романи за деца и млади од едицијата „Стела и Сани“ беа дел од потесниот избор за наградата.

За здрав психички и физички развој на децата се опфатија теми од нивниот секојдневен живот. Со првиот бран сликовници децата се запознаа со надворешниот свет – просторот што ги опкружува, звуците, временските појави, буквите и бројките – што се клучни за вклопувањето во средината и за нејзино разбирање.

Преку втората едиција децата се запознаваат со внатрешниот свет важен за меѓучовечките односи и за нивното градење како личности – да учат да ги почитуваат разликите, меѓусебно да се прифаќаат, но и да размислуваат логички и аналитички. Овој етички карактер на едицијата се заокружи со романите за деца и млади, приказни што им се блиски на децата и тинејџерите.

Последната сликовница која деновиве пристигна во книжарниците на ТРИ со наслов „Дали е обичен ден или роденден“, како дел од втората едиција сликовници во авторство на Бистра Георгиева и илустраторката Наталија Лукомска, на поинаков и забавен начин зборува за роденденските мигови кои за децата се толку значајни.

Оваа и секоја сликовница и книга од проектот „Стела и Сани“ има за цел, преку ликови што им ги греат срцата на малите читатели, што ќе ги засакаат и ќе станат нивен модел на однесување и чувствување, да создаде убав и едукативен начин на кој идните читатели, уметници и, пред сè, деца, ќе израснат во индивидуи со високоизграден карактер.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Под слоганот „Креативност за промени“ ќе се одржи 26. издание на фестивалот Golden Drum

Редакција

Пуштен во употреба бројот за итни случаи 112: На едно место се добиваат услуги на полиција, Брза помош и противпожарна бригада

Редакција

Патувачкото кино на МакеДокс во Кратово и Шлегово, следува Штип

Редакција