На 28-годишна возраст почина Кирил Слезенковски, советник во Советот на Општина Илинден и член на Централниот комитет на Левица, информираа од партијата.
„Другарството, чесноста, енергичноста, интелигенцијата, солидарноста и позитивниот дух беа вредности што Кирил ги поседуваше и секојдневно живееше. Во време кога многумина ја сведуваат политиката на личен интерес и калкулации, Кирил беше спротивност на тоа.
Непринудно и без задни намери им помагаше на луѓето, се бореше за подобри услови во заедницата и веруваше дека работите можат да се менуваат ако има доволно чесност и упорност“, велат од партијата, посочувајќи меѓу друго дека во неговиот ангажман како советник бил гласен застапник на јавниот интерес.
„Она што ја прави оваа загуба уште потешка е што губиме млад човек со сериозен капацитет, знаење и енергија да придонесува уште многу години. Кирил веќе имаше оставено трага, но уште поважно – имаше јасна визија и волја да направи повеќе за Илинден, Скопје и за Македонија“, велат од Левица.
Фото: Слезенковски/Фејсбук














