Фехми Стафа, поранешниот државен правобранител е топ тема во јавноста откако призна вина за земање поткуп од 50 илјади евра и доби затворска казна од 15 месеци.
По спогодбата со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција од Затворот „К’шање“ во Куманово, каде беше во притвор, тој е преместен во Казнено-поправната установа Затвор “Скопје“ во Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фехми Стафа преместен во затворот „Шутка“, за поткуп од 50 илјади евра се спогоди да лежи 15 месеци
Тој првично од сестрата на бизнисменот Љупчо Пецов – Ѓаволот, барал 100 илјади евра за да делува кај судијата од Апелациониот суд Скопје, Ѓоко Ристов, тој да не оди во затворски притвор. На крај зел 50 илјади евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Стафа
Стафа дипломирал на Правниот факултет на државниот Универзитет во Тетово, а кога стана државен правобранител беше магистрант на Универзитетот ФОН, отсек – Казнено право.
Кариерата ја започнал во 2005 година во Основниот суд – Скопје 2, каде работел до 2009 година.
Следната година работел во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, а од 2010 до 2018 година во Основен суд – Скопје 1.
Има положено правосуден и нотарски испит.
Државен правобранител стана во август 2018 година.
На кои случаи работел
На пошироката јавноста Стафа и стана познат по случајот со хонорарите за презентерката Бесмира Ејупи, како и по скандалот со конфискацијата на имотот на бизнисменот Сеад Кочан.
Во случајот со Ејупи, Државното правобранителство исплатило 247.658 денари за нејзин ангажман, а од Антикорупциската комисија тогаш посочија дека таа добивала хонорари за непостоечки работни позиции.
Стафа пак за неуспехот на државата да конфискува 17 милиони евра од Кочан ги посочи обвинителите Артан Ајро и Гаврил Бубевски.
Тој поднесе и кривична пријава за неуспешната конфискација на имотот на фирмата на Кочан, Трансмет, против Бубевски и Ајро, како и кривична пријава против поранешниот директор на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми.
Обвинителите пак посочија дека нивната надлежност завршува со правосилноста на пресудата, а во стечајната постапка која се одвивала, доверител е државата, која треба да го конфискува имотот и нејзин правен застапник е Државното правобранителство.
Јавното обвинителството тогаш ја истражуваше и улогата на Државното правобранителство во случајот со конфискацијата на имотот на Кочан, а Муареми покрена повеќе постапки за Стафа, меѓу кои и за ангажманот на Ејупи, како и предмет со кој се истражуваше имот што наводно ги поврзува фамилијата Кочан и Стафа – земјиште со куќа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е фирмата Тритерол петрол, за чија лиценца Бислимоски заработи кривична
Фото: Државно правобранителство













