Колку тендери добила фирмата „Ремондис медисон“, заради која Стефан Богоев заврши во притвор

„Ремондис медисон“, која порано имала седиште во Битола, а сега во Скопје е фирмата која го добила тендерот заради кој поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, заврши во притвор.

Како што објави телевизијата Телма истата добивала тендери и за време и на сегашната и на поранешната власт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Договор од 420,2 илјади евра склучи Царинската управа со „Ремондис медисон“

Годинава еден од најголемите тендери кои ги склучила Царината е токму со неа. Истиот е за внатрешно одржување на хигиена на деловните објекти на Управата, вреден околу 420 илјади евра.

И во јануари 2025 година фирмата добила од Царината тендер за внатрешно одржување хигиена и одвоз на смет на заедничкиот граничен премин Белановце – Станчиќ за околу 8.000 евра.

Од почетокот на годинава како што објави телевизијата, фирмата добила 26 тендери кај разни институции. Вкупно се вредни околу 1 милион и 300 илјади евра.

Mеѓу осомничените во случајот се и Димитар Геогиевски, управител на фирмата и вработениот во фирмата, Александар Спирковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одбраната на Стефан Богоев нуди 60 илјади евра за да излезе од притвор

Каков имот пријавил Стефан Богоев, кој заврши во притвор за злоупотреба при јавна набавка и за поткуп

Кој е Стефан Богоев, кој заврши во притвор за злоупотреба при јавна набавка и за поткуп

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести