еМагазин
Image default
Македонија

Комисијата за заразни болести ќе се состане во петок, Филипче смета дека не се потребни нови мерки

Комисијата за заразни болести ќе одржи состанок во петок, соопшти министерот за здравство Венко Филипче, но тој смета дека не се потребни нови рестриктивни мерки.

Според него, доволно е да се почитуваат протоколите и да се зголеми процентот на вакцинација.

-Со членовите на Комисијата сме во континуирана комуникација и во периодот додека беше ситуацијата прилично мирна. Освен размена на информации, така се евалуираше и потребата за официјален состанок. Во петок ќе има состанок согласно новите анализи.

Во однос на мерките, ќе ги слушнеме предлозите и согледувањата. Јас сметам дека треба да продолжат превентивните мерки и да се зголеми процентот на вакцинација,“ рече Филипче.

Тој повтори дека еден од главните критериуми за воведување нови мерки ќе биде ризикот во болничките капацитети кој засега не е евидентиран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Матичните лекари добиле писмо од Министерство за здравство да ги повикаат своите невакцинирани пациенти

Филипче не размислува за оставка

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поднесено обвинение против три лица за убиство на ракометарот Денис Тот

Редакција

Новозаболените лица со коронавирусот во Прилеп се на 73 и 74-годишна возраст

Редакција

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 359 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција