еМагазин
Image default
Свет

Компанијата dm продолжува да го освојува европскиот пазар со отворање на првите дрогерии во Полска

Најголемиот дрогериски ланец во Европа, dm drogerie markt, кој веќе има проширена мрежа во 13 европски земји, се подготвува за освојување на пазарот во Полска, информираат од компанијата.

Седиштето на компанијата ќе биде во градот Вроцлав (Wrocław), а наскоро се очекува и отворањето на првите продажни објекти ширум земјата.

„Во изминатите години нашите колеги од Австрија успешно го реализираа проширувањето на ланецот во повеќе од десет европски земји. Согласно ова, продолжуваме понатаму со отворање на првите dm дрогерии и во Полска.

Внимателно го анализиравме пазарот и уверени сме дека и во оваа земја ќе успееме да ги инспирираме купувачите со својот асортиман и услуги”, изјави Кристоф Вернер, претседател на Управниот одбор на dm во Германија.

За позиционирање и отворање на dm дрогериите во Полска одговорен ќе биде Маркус Тројански, директор на секторот за експанзија и на dm дрогериите во Источна Германија.

Како што истакнува тој, во тек е процес на селекција на вработени кои ќе работат во првите дрогерии во Полска, каде владее голем интерес за вработување во новиот дрогериски ланец во оваа земја.

„Голем број на колеги и колешки од Чешка и Германија, кои зборуваат полски и германски јазик, се заинтересирани за вработување во полските продавници на dm”, додаде Тројански.

За компанијата dm

Компанијата dm drogerie markt има речиси 62.500 вработени и повеќе од 3.700 продавници ширум Европа.

Дрогерискиoт ланец делува во 14 европски земји, вклучувајќи ја и Полска, а во деловната 2019/2020 година оствари промет од 11,5 милијарди евра. Со околу 41.000 вработени dm во Германија во истиот период оствари промет од 8,5 милијарди евра.

Компанијата dm е препознаена како приоритетен ланец за снабдување поради важноста на производите кои ги има во својот асортиман, пред сѐ прехранбените намирници, органската храна и производите наменети за граѓани со специфични диететски потреби.

Со повеќе од 300 производи од органско потекло од приватната трговска марка dmBio, dm важи за најголем понудувач на органска храна во нашата земја.

Покрај тоа, dm нуди голем избор на други производи кои се клучни за исполнување на различните потреби на граѓаните, како производи за нега и храна за бебиња, производи за одржување на лична хигиена и хигиена во домот, нега и шминки, производи за домашни миленици и друго.

Покрај познатите брендови, купувачите во dm, во сите сегменти од асортиманот можат да пронајдат голем број на сопствени dm марки, како што се Balea или alverde – најпродавана сертифицирана природна козметика.

Покрај широкиот асортиман, купувачите во dm дрогериите високо ги вреднуваат стручноста и професионалноста на вработените, додека компанијата континуирано ги унапредува работните процеси.

Ширум Европа, дрогерискиот ланец негува одговорно работење засновано на принципите на одржлив развој, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заразените со корона вирусот може да не го вратат сетилото за мирис

Редакција

Kоронавирусот ќе остане меѓу населението уште неколку години, вели коосновачката на компанијата „Фајзер“

Редакција

Папата Франциск: Оставете ги телефоните и разговарајте меѓу себе

Редакција