еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Комплетно реновиран дел од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија

Во Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, во тек е реконструкција на одделите за хоспитализација на пациенти при клиниката.

Директорката на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, д-р Софија Пејкова, изјави дека станува збор за комплетна реконструкција на болничките соби, кујната, сите тоалети и бањи за пациентите, подовите, водоводната и електричната инсталација, како и осветлувањето.

Воедно, истакна дека поради намалените просторно-технички услови, кои се настанати од реконструкцијата, клиниката работи со намален капацитет.

Од утре (вторник, 22.01.2019 година) стартува и втората фаза од реконструкцијата со која што ќе се опфатат и останатите оддели при Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија. Се очекува на почеток на март, годинава, да биде завршена комплетната реконструкција на клиниката, информираат од Министерството за здравство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еден месец ја нема исчезната Лидија Трајковска од Скопје

Редакција

УХМР: Можно слевање вода во градските средини и локално излевање на помалите реки

Редакција

(Фото) Градоначалникот Ѓорѓиевски за Божиќ подготвуваше оброци за социјално загрозените семејства

Редакција