еМагазин
Image default
Македонија

Критиките на „Огнената група“ се неформални и неверодостојни за коментар, вели Османи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека критиките на т.н. „Огнена група“ во ДУИ за работата на партиските функционери се „неформални и неверодостојни за коментирање“, односно дека постојат институции, како што е Европската комисија, која е задолжена за давање најобјективна проценка.

Османи одговарајќи на новинарско прашање на денешната заедничка прес-конференција со амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер, истакна дека секоја критика која не доаѓа од институциите кои се задолжени за објективна проценка на работата на функционерите во државава, е со доза на субјективизам.

– Единствено Европската комисија прави проценка согласно одредени параметри и јас навистина се гордеам со Министерството за надворешни работи во 2022 година, бидејќи единствено надворешната политика ја доби најдобрата оценка, многу добар прогрес односно многу добро унапредување во постигнувањето на целите.

Меѓутоа се разбира постојат органи во рамките на државата и во рамките на партиите од кои доаѓаме, така што не би коментирал неформални оценки од кого било. Кога ќе имаме време да работиме ако почнеме да коментираме секакви неформални коментари по однос на нашата работа, додаде Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) „Да не го гори јорганот, за неколку болви“: Порака од „Огнената група“ на ДУИ до Ахмети

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ново бегство од затворот во Шутка

Редакција

200.000 кинески вакцини треба да стигнат на 28 април

Редакција

Прогласена тридневна жалост во Тетово

Редакција