еМагазин
Image default
Македонија

Кривичен потврди дека нема пропусти во работењето на клиниката Жан Митрев во случајот со МАЛМЕД

Основниот кривичен суд потврди дека нема никакви пропусти во работењето на клиничката болница Жан Митрев, информираат од таму.

-Обвиненијата на МАЛМЕД во однос на наводите за прекршоци во работата на клиниката Жан Митрев се покажаа како неосновани. Во пресудата се потенцира дека нема докази за направен прекршок.

Според овој заклучок Основниот кривичен суд донесе ослободителна пресуда за клиничката болница и за доктор Жан Митрев во предметот со МАЛМЕД.

Со оваа ослободителна пресуда се потврдува дека клиничката болница Жан Митрев и во најтешките периоди работеше според највисоки здравствени стандарди, транспарентно и во согласност со веќе утврдени и дозволени методи на лечење, кај нас и во светот.

Ова е само еден чекор кон целосно докажување на вистината и фактичката состојба за нашата работа и тоа дека се што беше направено во клиниката Жан Митрев, беше направено во интерес на пациентите и согласно етаблирани методи и стандарди при лекувањето, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 622 пациенти болни и сомнителни на Ковид-19

Редакција

Спасовски: Има индиции дека „Диво насеље“ се случи за да се спречи објавувањето на „бомбите“

Редакција

Заев до Каракачанов: Мое право е да бидам Македонец и да зборувам македонски јазик

Редакција