Кривичен и Обвинителството ги повикаа медиумите да избегнуваат сензационализам за случајот со Ивана и Катја

Од Основен кривичен суд Скопје денеска ги повикаа медиумите да се воздржат од сензационализам во случајот со судењето на Стојанче Јовановски за смртта на неговата сопруга Ивана и нивната ќерка Катја.

– Во однос на тековното судење за предметот поврзан со трагичната смрт на мајка и дете во Скопје, а кој е постапка од јавен интерес, како и начинот на кој се известува од истиот и вчерашните реакции на известувањата, ја информираме јавноста дека: Основниот кривичен суд Скопје, како за овој, така и за сите останати предмети од јавен интерес, овозможува максимални услови за транспарентна и непристрасна постапка во рамки на законски дозволеното.

Судот нема овластување на било каков начин да им влијае на медиумите во нивниот начин на известување, туку, како и неколку пати досега, ги повикува, наместо сензационализам, да се придржуваат кон новинарската етика и професионализам во известувањето, што впрочем е препорака и од Советот за етика на медиумите, изразена токму за конкретниот предмет, велат од Судот, а на истото од таму повикаа и на денешното рочиште за случајот.

На стартот на денешното рочиште, медиумите да известуваат без сензационализам, со почитување на правата на сите во постапката, без детали кои може да ги повредат и двојно да ги виктимизираат жртвите и нивните семејства, повикаа и од Основното јавно обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сведок ги раскажа последните минути пред Ивана да се самоубие со ќерка и

Стојанче Јовановски призна вина за две дела, па рече дека бил натеран на тоа, сведочеше и мајката на Ивана

Дури 39 полицајци постапиле погрешно во случаите каде Стојанче Јовановски ја тепал Ивана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести