На 17.12.2020 во 22.30 часот, во координација со Државниот пазарен инспекторат, полициски службеници од СВР Скопје извршиле контрола во угостителски објект на ул. „Дебарца“ во Скопје, информира МВР.
При контролата, во објектот биле затекнати 20 до 30 гости и било констатирано дека објектот не ја почитува одлуката на Владата за ограничување на работното време на угостителските објекти до 21.00 часот.
Објектот бил запечатен, односно му била изречена мерка забрана за вршење дејност.
„По целосно расчистување и документирање на случајот, во кооординација со Јавен обвинител, против одговорното лице ќе биде изготвенa пријава по член 206 од Кривичниот законик, а поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија““, соопшти МВР.