еМагазин
Image default
Убава приказна

КРУНА МС веќе три децении успешно ги сплотува научното истражување и најновата технологија

Во земја каде што условите се непредвидливи и брзо се менуваат, одржувањето на постојан квалитет во работењето и создавање на триесетгодишна традиција на континуиран раст и развој е исклучителен предизвик и достигнување.

Но Поликлиниката КРУНА МС со својот постојан врвен квалитет и јасна визија создадена уште на почетокот на деведесетите години, покажа дека е возможно една идеја да стане реалност.

КРУНА МС е пионер во приватната стоматолошка дејност кај нас и уште од основањето во 1991 година успеа да го достигне реалниот светски врв во практичната модерна стоматологија.

Потврда за тоа се над 150.000 посети на пациенти од земјата и странство, како и Премиум партнеството со најголемата светска здравствена осигурителна компанија International SOS како и други  меѓународни осигурителни компании од областа на здравството: Vanbreda, Allianz, GBG, TBS 24, како и акредитациите од странските амбасади и меѓународните организации во нашата држава.

Врвната работа и иновациите кои КРУНА МС секојдневно ги применува во своето работење се докажуваат и преку фактите дека КРУНА МС е сопственик на првиот приватен стоматолошки рентген панорамикс кабинет кај нас, првиот стоматолошки дигитален РТГ кабинет, препознатлива е и по ултра тенките порцелански ламинати кои се нејзин заштитен знак, изработката на циркониум коронки и мостови, прва го претстави ласерското белеење на забите на пациентите, единствена ординација е во нашата држава која ја нуди најдобрата светска терапија со безбојни алајнери Invisalign во ортодонтската терапија, прва ординација која направи спој меѓу стоматологијата и  анти-ејџинг медицината и е прва eco-friendly ординација во Македонија.

Сево ова не би било возможно без извонредниот тим кој не се менува со текот на годините предводен од проф. др Славе Наумовски. Успехот на тимот се должи на тоа што тие го препознаваат значењето на заедничкото работење и тимски дух, истовремено тие се и вистински професионалци со постојаната желба за напредок во својата работа, а задоволството на своите пациенти е секогаш на прво место.

Следејќи ги светските трендови во модерната стоматологија, КРУНА МС е меѓу првите која комплетно ги дигитализираше своите услуги од областа на протетиката и ортодонцијата, нудејќи им на пациентите физиолошка функционалност, врвна естетика, сигурност и комфор при изведувањето на нивната терапија. Составен дел на КРУНА МС е и првата приватна клиника за максилофацијална хирургија-хирургија на лице вилици и врат со што се заокружува комплетна нега и грижа на пациентите.

КРУНА МС сите овие години е препознатлива и по поддршката која ја дава на стручните и хуманитарни собири и акции, зајакнувајќи ја својата позиција како општествено одговорна здравствена специјалистичка установа. Затоа, со право таа е најпрепознатливиот бренд во стоматолошката дејност кај нас, добитник на тројно признание – Супербренд, синоним за долга традиција наградена со огромниот број на задоволни пациенти.

ПР-ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Паулина Грнарова – основач на старт-ап „DeepJudge“, на престижната листа на Форбс „30 under 30“, за својот продукт базиран на вештачка интелигенција

Редакција

„М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна на увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI

Редакција

(Галерија) Адора инженеринг слави 18 години

Редакција