За епидемиолошката слика, министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека никој во светот не може да предвиди што точно ќе се случува со вирусот, бидејќи тој во некои држави веќе е мутиран во повирулентен.
„Може да се случи мутација која е позаразна од претходнте соеви и тоа се случува во светот. Со тоа што, сега вакцините спречуваат од тешка форма на болеста и смртен исход.
Нашата проценка, со резерва, е следните два месеци за време на летото епидемиолошката слика да биде мирна. Сепак граѓаните треба да ги почитуваат мерките, посебно носењето на маски кога има поголемо групно собирање. Засега, нема знаци на влошување на состојбата,“ оцени Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче договара со Лончар, ревакцинирањето на македонските граѓани да биде во Ниш или Врање
Фото: МЗ