Во пресрет на одржување на вториот круг од Локалните избори што ќе се одржи во недела на 31 октомври 2021 година, Министерството за внатрешни работи известува дека и во сабота и недела управните служби ќе работат во општините каде што ќе има гласање во втор круг со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните да може да ги подигнат личните карти.
Одделот за граѓански работи, односно отсеците за управни работи на оваа организациона единица при МВР – Куманово, Велес, Охрид и Тетово со сите подрачни единици во нивни состав на 30.10.2021 година ќе работат на прием и издавање на лични карти со редовно работно време од 08.00 до 16.00 часот.
Од подрачните единици на Отсекот за управни работи Штип ќе работат следните подрачни единици: Кочани, Берово, Делчево, Пробиштип и Свети Николе.
Од подрачните единици на Отсекот за управни работи Битола ќе работат следните подрачни единици: Битола, Ресен, Демир Хисар и Македонски Брод.
Од подрачните единици на Отсекот за управни работи Струмица ќе работат следните подрачни единици: Струмица, Гевгелија и Радовиш.
Истовремено и Одделението за управни работи Скопје само во објектот на МРТВ на 30.10.2021 година (сабота) ќе работи на прием и издавање на лични карти со редовно работно време од 08.00 до 16.00 часот.
Во недела, пак, на 31.10.2021 година сите наведени надлежни организациони единици ќе работат само на издавање на изготвени лични карти за граѓаните со работно време од 07.00 до 19.00 часот, вклучувајќи ги и дисперзираните пунктови во ОУР Скопје (Ѓорче Петров, Беко, Бутел и Драчево).