Од ПроКредит Банка АД Скопје преку Македонската берза информираа дека Народната банка издала решение за претходна согласност за именување на Маида Захировиќ Салом за независен член на Надзорниот одбор (НО) на Банката.
Таа ќе има мандат од четири години.
Од таму информираат и дека воедно е извршено и бришење од Централниот регистар на независниот член на НО, Каспар Линус Бауман, поради истек на мандат.
Во НО се и Јованка Јолеска Поповска, член, Дрис Нор, член, Кристиан Едгардо Дагроса, член и претседател на НО, Елена Наумовска, независен член и Ериола Биболи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како работела лани ПроКредит банка
Стевче Кузмановски реизбран за член на УО на ПроКредит банка
Фото: ПроКредит Банка














