Ало, децата ни се испотепаа!

Речиси секоја недела од полицискиот билтен дознаваме за нов случај на малолетничко насилство. И тоа многу често, неочекувано, и помеѓу девојчиња.

Последниот се случи на подрачјето на скопски Бит Пазар. Малолетничка тепала соученичка, а пак друг малолетник го снимал тепањето.

И сето тоа се случувало во двор на училиште.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Малолетничка натепана од соученичка во училиште во Бит Пазар, друг малолетник го снимал тепањето

Истовремено јавноста дозна и за напад на ученик со нож во скопско Ченто, Општина Гази Баба. Нападот се случил во училиштето, а го извршил поранешен ученик во училиштето.

Ученикот беше опериран и е во критична состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

15-годишен ученик во критична состојба откако поранешен ученик во училиште во Ченто го прободел со нож

Оваа се два инциденти за кои јавноста дозна во еден ден. Прашање е за колку случаи на малолетничко насилство не дознаваме, бидејќи малтретираните деца не им кажуваат на родителите или за да не бидат повторно жртва, не пријавуваат ни во полиција.

Проблемот е многу сериозен, а досегашните реакции на надлежните институции за вакви инциденти, за жал, не дадоа некој резултат. Очигледно е дека државата треба посериозно да се занимава со овој проблем кој го имаат и други држави, а во дел од нив има и добри решенија. Не треба да се измислува топла вода.

И, да, ограничувањето на пристапот до социјалните мрежи, и те како е добра идеја!

Одговорност секако имаат и родителите, но и медиумите, кои пренесуваат информации за пусти кликови, кои промовираат насилство и несоодветно однесување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривични за насилничките од Ѓорче Петров и за нивните родители

И други девојчиња малтретирале насилничките од Ѓорче Петров: Нови детали

Насилничките направиле “селфи“ со шестооделенката додека таа крварела од устата и носот: Нови вознемирувачки детали за малолетничкото насилство во Ѓорче Петров

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести