Податоците од Извештајот од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности покажуваат дека во периодот од јануари до март годинава освен станови, помалку се продале и куќи, земјоделско земјиште и деловни простори.
За овој период бројот на продадени куќи во Македонија е намален за 23%.
Пад од 8% има и кај продажбата на земјоделско земјиште и шуми, а кај деловните простори, падот изнесува 11%.
Во скопската општина Центар се продадени најмногу деловни простори – 22.
Во Кочани пак имало најмногу продажби на земјоделско земјиште и шуми – 83.
Во Куманово имало најмногу продажби на градежно земјиште – 37.
Во првиот квартал се регистрирани и продажби на 151 гаражи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По 4 милиони евра месечно се заработувало лани од изнајмување недвижности во Македонија














