Од Жито лукс АД Скопје, преку Македонската берза информираа дека со Решение од Централниот регистар се направени промени во Управниот одбор (УО) на Друштвото.
Методи Пишев, кој беше одговорен за за набавки и логистика е отповикува од позицијата член на УО, а Василики Вацхлиоти е назначен за нов член на УО.
Во УО на Жито лукс се и Николаос Воудоурис, кој е претседател на УО, генерален директор на Друштвото и извршен директор на ELBISCO SA, Димитриос Плакоутсис, кој е потпретседател на УО и заменик генерален директор на Друштвото, Георгиос Вреттос, член, Георгиос Тхрискос, член, одговорен за продажба и развој на бизнисот, Антоанела Петровиќ, член, одговорна за прашања од областа на маркетинг и Оливера Ѓуровска, одговорна за финансии и контрола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колку изнесуваат надоместоците на менаџментот на Жито лукс лани
По 300 евра месечно ќе земаат членовите на НО на Жито лукс














