15-годишен ученик во критична состојба откако поранешен ученик во училиште во Ченто го прободел со нож

Ученик од училиште во скопската населба Ченто во Општина Гази Баба, е опериран и е во критична состојба откако со нож вчера во училиштето го прободел поранешен ученик во училиштето.

Информацијата за здравствената состојба на момчето за весникот Вечер ја потврди директорот на Ургентен центар д-р Игор Мерџаноски.

Напаѓачот како што информираа од Министерството за внатрешни работи е приведен.

Тој бил пријавен во полиција од училиштето и за него ќе следи соодветна пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести