еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Македонија и Грција ќе ги намалат цените во роаминг

Македонија и Грција како соседи имаат обврска кон своите граѓани покрај тоа што се соседи и да бидат партнери и постојано да соработуваат. Ова е заклучокот од средбата помеѓу министерот за информатичко општество и админстрација Дамјан Манчевски и министерот за дигитална политика, телекомуникации и медиуми во грчката Влада, Никос Папас.

Главен фокус во разговорот на двајцата министри беше обезбедувањето на сите потребни предуслови за намалување на цените за роаминг помеѓу двете држави.

„Ги продолживме разговорите за потпишување на договор помеѓу двете држави за намалување на цените во роаминг за нашите граѓани. Како заклучок од средбата со задоволство можам да кажам дека во текот на месец септември, ќе објавиме и конкретен договор, за отпочнување на процесот за намалување на цените во роаминг“, рече Манчевски кој на покана на грчкиот министер Никос Папас, присуствуваше и на официјалниот ручек, заедно со висока владина делегација од Соединетите Американски Држави предовдена од Вилбур Рос, државен секретар за трговија на САД и Метју Палмер, заменик-помошник државен секретар за Европа и Евроазија.

На ручекот се разговараше на повеќе теми, меѓу кои сајбер безбедност, 5Г-интероперабилност, дигитална земјоделска инфраструктура, систем за менаџирање на документи-ДМС.

Под мотото „Американскиот сон ќе се оствари во Солун“, во рамки на најголемиот Меѓународен саем во Грција, се претставија најголемите светски компании како што се Мајкрософт, Фејсбук, Гугл, Оракал, со кои министерот Манчевски оствари билатерални средби. На средбите министерот Манчевски разговараше за можноста за соработка помеѓу Македонија и американските компании.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Србија, Албанија и Македонија формираа заедничка работна група за соработка во енергетската криза и за стратешки проекти

Редакција

Што договорија Николовски и неговиот грчки колега

Редакција

Македонски и бугарски планинари реализираа високогорска акција за искачување на Голем Кораб

Редакција