еМагазин
Image default
Спорт

Македонките со сребро од Балканијада

Репрезентативките на Атлетска Федерација на Македонија, Весна Кираџиева и Андријана Поп Арсова, викендов во Белград на Балканското првенство во маратон, во склоп на Србија маратон беа втори во екипен пласман/жени, со што на Македонија и донесоа сребро.

Андријана Поп Арсова беше трета на Балканското во поединечна конкуренција и четврта севкупно, додека Кираџиева се пласираше како седма и десетта во севкупна конкуренција.

Марјан Бонев беше претставник кај мажите и влезе во топ десет, пласирајќи се на десетата позиција.

Кираџиева е поранешна рекордерка во маратон и шесткратна шампионка на Македонија во маратон, додека Поп Арсова е актуелна рекордерка и два пати шампонка на Македонија во маратон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворен меѓународен турнир во забрзан шах Алкалоид 2023

Редакција

Шаховскиот клуб „Алкалоид“ повторно на Европскиот Клупски Куп 2019

Редакција

15. јубилеј на „Виз Ер Скопски маратон“ со рекорд од над 12.000 пријавени од 58 држави

Редакција