еМагазин
Image default
Спорт

Отворен меѓународен турнир во забрзан шах Алкалоид 2023

Шаховскиот клуб Алкалоид, под покровителство на својот спонзор, компанијата Алкалооид АД Скопје, ја продолжи догогодишната традиција и викендов го организираше традиционалниот Отворен меѓународен турнир во забрзан шах Алкалоид 2023, информираат од таму.

-Почнувајќи од 2012 година, организирани се 7 отворени меѓународни турнири во шах со рапид темпо на игра и 4 во блиц. По пауза од три години (поради пандемијата на вирусот корона), оваа година е продолжена традицијата, со убедливо најголем интерес меѓу шаховската јавност.

На турнирот учествуваа апсолутно рекорден број 227 шахисти од сите возрасти – најмладиот учесник на возраст од 8 години, а најстариот на возраст од 80 години!

Шахот ги поврзува и ги обединува луѓето од сите генерации во рамноправна игра, при што магијата е во тоа што исклучиво шаховското знаење и подготвеноста ја одлучуваат секоја поединечна шаховска партија!

Огромниот интерес за учество на овој турнир е само уште една потврда за авторитетот што го има Алкалоид како спонзор и како шаховскиот клуб не само во нашата држава туку и пошироко, со оглед на тоа дека, покрај најдобрите македонски шахисти, учествуваа и 36 играчи од уште 7 држави. Турнирот беше одржан во атмосфера на шаховски празник, со учество на голем број гледачи!, велат од таму

На врвот на турнирската табела со по 8 поени од 9 партии се најдоа тројца шахисти, а според дополнителниот турнирски критериум првото место сосема заслужено го освои српскиот велемајстор Синиша Дражиќ.

Најуспешни македонски шахисти со по 7 поени од 9 партии (на делба од 6. до 14. место) беа младите Емил Ристески, Михаил Јорданов, Филип Михов и Матеј Звездакоски, како и ветеранот Владимир Тркаљанов.

Најуспешни македонски шахистки беa следните македонски репрезентативки: женскиот фиде-мајстор Моника Стојковска и женскиот интернационален мајстор Габриела Коскоска со по 6 поени од 9 партии.

Најуспешни јуниори и јуниорки (од вкупно 69 учесници до 18 години) – според возрасните категории (до 8, 10, 12, 14, 16 и до 18 години), медали и подароци од организаторот освоија: до 10 години – Илијана Велева и Лука Симоноски, до 12 години – Благоја Миновски и Брнс Елисавета, до 14 години – Ивана Велкоска и Кирил Николовски, до 16 години – Моника Жежовска и Антон Златков, а до 18 години – Инџи Ајрадиновска и Матеј Звездакоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија го заврши учеството на Светското првенство во ракомет со пораз од Белорусија

Редакција

Карате репрезентативците ги привршуваат подготовките за Европската Универзијада

Редакција

(Видео) ОК Вардар ги исполнуваат своите цели и амбиции

Редакција