еМагазин
Image default
Бизнис

АСОМ: Стоп за срамниот, неевропски, неуставен, дискриминирачки и монополски Закон за игри на среќа

Законот за игри на среќа кој Владата го криеше конечно e обелоденет. Овој предлог кој е доставен до Собранието е најлошиот предлог кој во историјата на државата бил предложен, а содржината, новите членови, давачките, условите за лиценцирање, монополизирањето на интернетот, оддалеченоста се целосно неприфатливи, велат од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ).

„Овој закон е неуставен, монополски, дискриминирачки и како таков воопшто не може да биде предмет на расправа. Истиот бараме веднаш да се повлече и го отфрламе во целост. Неверојатно е дека и покрај сите апели на меѓународната заедница и Евроамбасадорот Гир, Владата повторно насила, без дебата и спротивно на легислативата сака да донесе закон со европско знаменце.

Ова се прави само со цел да се избегне редовна постапка во која би биле разобличени целите, а апсурдноста на самиот закон би излегла на виделина. Како Асоцијација ова нема да го дозволиме и најавуваме жесток отпор на ова насилно, недемократско и неевропско однесување на Владата.

Уште еднаш јавно прашуваме, зошто бегате од јавна дебата? Како може закон кој има несогледливи финансиски и економски реперкусии да се носи без дебата во комисиите за финансирање и буџет каде што треба да се еволуираат овие закони? Зошто бегате од соочување со претставниците на индустријата ако сте сигурни во своите предлози? Отворено прашуваме, чии интереси штитите или подобро што се крие зад оваа апсурдна идеја за насилно затворање на една легална индустрија,“ се вели во соопштението.

Асоцијација на спортски обложувалници во Македонија ги повикува пратениците од Комисијата за европски прашања: Арбер Адеми, Арта Билали-Зендели, Моника Зајкова, Зеќир Рамчиловиќ, Снежана Калеска-Ванчева, Фаница Николоска, Лолита Ристова, Жаклина Пешевска, Даниела Христова, Марија Петрушевска, Антонијо Милошоски, Миле Лефков, Мерита Колчи-Коџаџику, Халил Снопче, да не гласаат за измените на Законот за игри на среќа и истите да ги отфрлат, бидејќи се со цел да згаснат една цела легална гранка и да овозможат цут на сивата економија.

„Нема ниеден основ по кој овој закон треба да биде во таа комисија, освен заради брзо гласање и мнозинство за истиот да помине. Јавно ве покануваме да се изјасните против европско знаменце, бидејќи нема ниедна причина овој закон да биде донесен во таква постапка. Немој да биде заложници за нечии скриени интереси и во име на европскиот пат на земјата немојте да изгласате неевропски закон!

Како Асоцијација бараме од пратениците во Собранието да бидат чувари на процесот на демократија и усогласување на законодавството на Република Северна Македонија со законодавството на Европската Унија, а не гласачка машина за остварување нечии желби на штета на граѓаните.

Постојат правни докази со кои може да се констатира дека европското знаменце се злоупотребува од страна на потписниците на оваа изјава. Имено, Предлог законот не го прати коресподентна табела во која јасно и на недвосмислен начин ќе се види кој дел од наведената директива во кој член од предлог законот е транспонирана, односно пренесена.

Посочуваме дека на овој факт особено внимание треба да обрнат членовите на комисијата за европски прашања при Собранието. Предупредуваме дека праксата на усогласување на законите со правото на ЕУ не повлекува само давање на изјава туку и подготовка на коресподенна табела за пренесување на одредбите од ЕУ директивите во законите кај нас,“ се додава во соопштението.

Од таму бараат да се повлече законот затоа што како што велат Законот е за затворање на индустријата за игри на среќа, е дискриминирачки, е неуставен, е монополски и единствено е во корист на криминалот и на коцкањето на црно.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Регистрирани четири случаи на африканска свинска чума кај диви свињи во Делчевско

Редакција

Стопанска банка Битола оствари добивка од 772.000 денари за девет месеци

Редакција

Кои се најтргувани акции на Македонската берза во јуни

Редакција