Пекарската индустрија се закани дека нема да произведува леб доколку Владата ја донесе мерката за замрзнување на неговата цена на 33 денари.
– Ако Владата ја донесе мерката за ограничување на цената на лебот, од следниот ден нема да има леб на пазарот, изјави денеска Горан Малишиќ, престедател на Групацијата за мелничко-пекарската индустрија по состанокот во Стопанската комора.
Во саботата министерот за економија Крешник Бектеши најави дека од 1 март ќе биде замрзната цената на лебот на 33 денари. Мерката е на предлог на Министерството за економија поради тоа што анализите покажале дека голем дел од компаниите за прехранбени производи кои добиваа субвенционирана струја, не ги намалиле цените на производите и по три месеци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во вторник ќе се замрзне цената на лебот и нема да биде над 33 денари, најави Бектеши
МИА/Фото: Унсплеш