еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО

Македонското вино е најдобриот бренд-амбасадор на Македонија

На овогодинешното пролетно оценување на престижниот натпревар за вино „Мундус Вини“ кој по 26. пат се одржа во Нојштад, Германија во перидот од 18 до 23 февруари 2020 година, 268 експерти за вино од 54 земји оценуваа околу 7.500 вина кои потекнуваат 45 земји.

Македонските вина забележаа значителен успех со вкупно освоени 42 награди од кои 29 златни медали и 13 сребрени. Ова преставува своевиден рекорд за македонските вина во освоени награди на поединечен натпревар за вино каде скоро 70% од регистрираните вина од нашата земја се закитија со медал. Со најголем број на освоени награди се закитија земјите од стариот вински свет: Италија, Шпанија, Франција, Португалија и Германија.

Во насока на промоција на винската индустрија од земјата, Здужението „Вина од Македонија” во рамките на „Мундус Вини“ на 22 февруари организираше Мастерклас презентација за македонските вина со фокус на вина од сортата „вранец“, пред повеќе од 140 вински судии од цел свет.

Овој настан, кој беше и финансиски поддржан од Министерството за земјоделство преку Програмата за Рурален развој 2020, беше оценет како една од најдобрите презентации на нашето вино на интернационалните пазари.

На натпреварот, 10 македонски винарии освоија награди меѓу кои:

Винарија „Далвина“ со 9 златни и два сребрени медали преставува најуспешната македонска винарија која покрај освоените 4 златни и еден сребрен медал за своите линии Hermes, Dioniz и Ar-Makedon, освои и 5 златни и 1 сребрен медал за вината од линијата Touch која е приватна марка за хрватската компанија WINE BUSINESS d.o.o., Zagreb. Имено виното Touch Premium Merlot од берба 2017 беше прогласено и за Best of Show Macedonia.

Винарија „Стоби“ освои 6 златни и 1 сребрен медал пред се за вината од линијата Private Reserve, а дополнително оваа винарија доби признание и за Best Producer Macedonia. Винарија „Камник“ се закити со 5 златни и 1 сребрен медал за вината од линиите Ten Barrels, Signature, Winemaker’s selection и Cuvee de Prestige, како и новото вино од линијата Heritage за соратата Каберне Совињнон 2016.

Винарија „Тиквеш“ со освоени 4 златни и 3 сребрени ја продолжи низата на најнаградувана македонска винарија во измнинатите години. Врвните вина од премиум брендот на Тиквеш Tikveš Châteaux & Domaines од Domain Barovo и Domain Lepovo се закитија со златни и сребрени медали, а сребрен медал освои и француското вино Terrasse à l’Ombre 2018 од Château de Gourdon која е под истиот бренд.

Винарија „Попов“ исто така се најде на листата на наградени винарии со освоени 2 златни и 2 сребрени медали. Со златни медали од оваа винарија се закитија Vrshnik Pinot Gris 2018 и Cuvée Prestige од берба 2017. По еден златен медал освоија вината од Винариите „Венец“, „Сопот“ и „Лазар“, а со сребрени медали се закитија и три вина на Винарија „Бовин“ и две вина на Винарија „Имако“.

Радува фактот што 15 вина од македонските вина се со освоени награди за 100% вино од соратата „вранец“, а 10 вина се купажи од „вранец“ со други сорти. „Вранецот“ е соратата на вино преку која македонските винарии и Здружението „Вина од Македонија“ го градат брендот и имиџот на македонското вино на интернационалните пазари.

Нашата земја располага со најголеми површни на лозови насади кои достигнуваат скоро 11.000 хекари, што преставува близу 40% од вкупниот број на лозови насади во нашата земја.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Директорката на Институтот за македонски јазик, Јованова-Грујовска: Проблемот е измислен, македонскиот јазик е реалност и таа тема е за нас завршена

Редакција

(Галерија) Имаат туристи за јавање на коњи на Галичник, нема превоз како да ги донесат до таму

Силвана Жежова

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

Редакција