„Макошпед“ А.Д. и „Магнум Медиа“ Дооел склучија спогодба за присоединување, соопшти „Макошпед“ преку Македонската берза.
„Вредноста на активата и пасивата што се пренесува, односно превзема изнесува: актива 107.980.074 денари, обврски 32.887.640 денари, главнина и резерви 75.092.434 денари. Деловните активности на друштвото што се присоединува ќе бидат запрени заклучно со денот на запишување на присоединувањето во трговскиот регистар“, информираат од компанијата.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.