Макошпед АД Скопје за периодот јануари – септември 2023 година оствари добивка од 10.006 илјади денари искажана во неревидираниот Биланс на успех и добивка во износ од 9.153 илјади денари искажана во неревидираниот консолидиран Биланс на успех, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
-Остварените вкупни приходи за период јануари – септевмри 2023 година изнесуваат 36.413 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи за истиот период 2022 година бележат значително намалување.
Оперативните приходи изнесуваат 26.693 илјади денари и бележат значително намалување во однос на оперативните приходи за истиот период 2022 година, што се должи пред се на продажба на недвижен имот во 2022 година во износ од 199.466 илјади денари.
Финансиските приходи изнесуваат 9.720 илјади денари и бележат зголемување во однос на 2022 година.
Вкупните расходи за период јануари – септевмри 2023 година во износ од 26.407 илјади денари бележат намалување во однос на вкупните расходи за истиот период 2022 година.
Оперативните расходи во периодот јануари – септевмри 2023 година изнесуваат 25.962 илјади денари и бележат намалување во однос на истиот период 2022 година.
Финансиските расходи изнесуваат 445 илјади денари и бележат зголемување во однос на финансиските расходи за истиот период 2022 година.
Остварените консолидирани вкупни приходи за период јануари – септевмри 2023 година изнесуваат 44.408 илјади денари и во споредба со остварените консолидирани вкупни приходи за истиот период 2022 година бележат намалување.
Консолидираните оперативни приходи за период јануари – септевмри 2023 година изнесуваат 34.688 илјади денари и бележат намалување во споредба со остварените оперативни приходи за истиот период 2022 година, што се должи пред се на продажба на недвижен имот во 2022 година.
Консолидираните финансиски приходи изнесуваат 9.720 илјади денари и бележат зголемување во однос на 2022 година.
Консолидираните расходи за период јануари – септевмри 2023 година се во износ од 35.255 илјади денари и бележат намалување во однос на вкупните расходи за истиот период 2022 година.
Консолидираните оперативни расходи во периодот јануари – септевмри 2023 година изнесуваат 34.810 илјади денари и бележат намалување во однос на истиот период 2022 година.
Консолидираните финансиски расходи изнесуваат 445 илјади денари и бележат зголемување во однос на финансиските расходи за истиот период 2022 година, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стефан Станкоски избран за в.д. извршен член на Одборот на директори на Макошпед
Генералниот директор на Макошпед, Марија Каранфиловиќ поднесе оставка
Гоце Димитроски назначен за претседател на Одборот на директори на Макошпед