еМагазин
Image default
Бизнис

Макстил со четирикратно пониска добивка во првото полугодие

Макстил АД Скопје за периодот јануари – јуни 2023 година оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираните поединечни финансиски извештаи, информираат од компанијата преку Македонската берза.

-Во овој период се остварени приходи од работење во износ од 4,23 милијарди денари, од кои приходите од продажби како носечка ставка во структурата на вкупните приходи учествуваат со дури 99%. Споредено со истиот период од 2022 остварените приходи од работењето (5,46 милијарди) се пониски за 23%. Намалените приходи воглавно се должат на намалувањето на продажните цени на нашиот готов производ како и соодносот помеѓу дирекната продажба на Макстил и договорите за преработка, велат од таму.

Во првите шест месеци од работењето остварените расходи изнесуваа 3,78 милијарди денари, од кои трошоците за производство се носечка ставка и во структурата на вкупните расходи учествуваат со 93%.

-Споредено со истиот период во 2022 година остварените расходи од работењето (4,51 милијарди денари) се пониски за 17%, што воглавно се должи на намалувањето на трошоците на енергенсите и влезните материјали во текот на овој период.

Добивката пред оданочување во извештајниот период е 204 милиони денари и е речиси четирикратно пониска од остварената во првото полугодие од 2022, додека нето добивката изнесува 182 милиони денари, четирикратно пониска од остварената за истиот период во минатата година.

Намалувањето на добивката воглавно се должи на пониските продажни цени на готовиот производ, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макстил во првиот квартал со намалена добивка

На двајца членови на Одборот на директори на Макстил лани исплатени 9,6 милиони денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НЛБ Банка оствари добивка од 30 милиони евра за девет месеци

Редакција

Девизните резерви во мај зголемени за 51 милион евра

Редакција

МВР распиша тендер за купување горива вреден 27,7 милиони денари

Редакција