Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) го одржа 16. редовно годишно изборно собрание, на кое беше избрано новото раководство со мандат до март 2025 година, информираат од таму.
За претседател на Управниот одбор е избран Илија Господинов од компанијата „Ендава“, a заменик претседател на Управниот одбор е Весна Иваноска од „Сивус“ – едукативен и развоен центар.
Избран е и нов претседател на Собранието на МАСИТ, Анета Антова Пешева од „Унет“, како и нови членови на Управниот и Надзорниот одбор и на Судот на честа.
Членови на Управниот одбор на МАСИТ освен Господинови и Иваноска, се и Благој Христов, Македонски Телеком, Горан Петревски, Ассеко СЕЕ, Дамјан Манчевски, Мак Систем Софтвер, Драган Чепујноски, А1 Македонија, Ненад Чубриновски, Инплеер, Роберт Павлов, Мусала софт и Софче Јовановска, Скеил Фокус.
Членови на Надзорниот одбор се: Миле Стоиловски, Брансис, претседател на Надзорен одбор, Горан Митев, Едусофт и Илија Мишов, ИТ Лабс.
Членови на Судот на честа се: Теди Цоневски, Неотел, претседател на Суд на честа, Викторија Дранговска, Коде ИТ Солушнс и Дашмир Истрефи, Хојо Тек.
-Новото раководство во претстојниот мандат ќе има неколку стратешки приоритети за зајакнување на позицијата на Комората и заштита на интересите на ИКТ индустријата: воспоставување редовен процес за следење на состојбите и растот на ИКТ индустријата, соодветно лобирање на интересите на ИКТ пред надлежните институции со пренесување на проблемите и понуда на предлог решенија, зајакнување на Комората со воведување нови и проширени услуги кон членството, зајакнување на координацијата помеѓу приватниот сектор, јавниот сектор и образованието (формално и неформално) со цел адресирање на предизвиците поврзани со работната сила, како и промовирање на ИКТ индустријата и компаниите членки, информираат од таму.