еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Масовна крводарителска акција во „Алкалоид“ по повод Светскиот ден на крводарителството

Со масовен настан за крводарување по повод 14 јуни – Светскиот ден на крводарителството – „Алкалоид“ ја продолжува петдецениската традиција на организирање крводарителски акции со вработените во компанијата, информираат од таму.

Под мотото „Дарувај крв, спаси живот“, 130 алкалоидовци изразија волја за крводарување во рамките на колективната акција, која се одржа во Центарот за едукација и за обуки на „Алкалоид“, во соработка со „Црвен крст“ и со Институтот за трансфузиона медицина.

Компанијата е особено горда на своите традиционални крводарители, кои во својот животен и работен век реализирале повеќекратни крводарувања, велат од компанијата.

„Крводарителството е исклучиво доброволна акција, која некому значи живот. Со само една дарувана ќеса крв од 450 мл, постапка која трае десетина минути, може да се спасат 3 до 4 човечки животи. Јас сум крводарител од свои 18 години и имам дарувано над 50-пати“, истакна Роберт Новески, вработен во „Алкалоид“ со реализирани 53 крводарувања.

Генералниот директор и претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, за време на крводарителската акција упати благодарност до сите генерации алкалоидовци, кои преку овој голем чин на хуманоста оставиле траен придонес во развојот на македонското крводарителство.

На настанот имаше и првократните крводарители од помладата генерација вработени, кои допрва ќе го промовираат ваквиот чин на солидарност во компаниските редови.

„За време на ова мое прво крводарување се чувствувам навистина исполнето. Се одлучив на овој хуман чекор водена од чувството дека ќе помогнам некому“, истакна Елена Казанџиевска, вработена во „Алкалоид“.

Крводарителството е доброволен чин и индивидуален одраз на хуманост и на солидарност. Крводарител може да биде секое лице на возраст од 18 до 65 години со добра општа здравствена состојба. Според критериумите за крводарување, мажите може да даруваат крв на секои 3, а жените на секои 4 месеци. Едно крводарување може да спаси 3 до 4 човечки животи.

Во насока на уште поголема афирмација на доброволното крводарителство и во знак на изразување почит и благодарност спрема големиот број крводарители од своите редови, компанијата креираше посебен визуелен идентитет – лого на Друштвото на крводарители.

Со негување на традицијата на компаниски крводарителски акции, „Алкалоид“ ги потврдува својата заложба и посветеноста за унапредување на корпоративната општествена одговорност, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Атиџе раскажуваше за детството и ги учеше децата од Лозово и нивните гости како да бидат здрави

Редакција

Промоција на култната книга за деца „Бушава азбука“ од Горан Стефановски и Душан Петричиќ

Редакција

Недела на новогодишни донации на ЕВН

Редакција