еМагазин
Image default
Бизнис

MaxBet ќе го освојува македонскиот пазар – отворени канцеларии во Скопје

Eвропскиот бренд, MaxBet, во сабота, 24 декември, го отвори своето седиште на македонскиот пазар, во Скопје, информираат од таму.

MaxBet со вкупно 3.000 вработени ќе биде присутен на многубројни локации во повеќе од 20 македонски градови.

Оваа инвестиција е само првиот чекор во стратешкиот пристап кон развојот на македонскиот пазар. Со отварањето на новото седиште, компанијата ќе вработува луѓе од различни профили кои ќе работат во најсовремени работни услови и кои ќе бидат силна стратешка поддршка во ширењето на малопродажната мрежа во оваа земја, која ќе се зголеми уште двојно во 2023 година.

„Со отворањето на новото седиште, компанијата MaxBet продолжува со инвестиции кои ќе го подигнат бизнисот на уште повисоко ниво и ќе нè доведат до лидерска позиција на регионалниот пазар во наредниот период.

Квалитетната понуда на игри, работата на нови решенија и уникатното корисничко искуство се императив на нашиот бизнис на секој пазар.

Со отворањето на седиштето го означуваме првиот чекор во експанзијата на MaxBet на македонскиот пазар и многу сме задоволни да работиме во оваа земја“, изјави Дарко Живанов, извршен директор (CEO) на MaxBet.

На официјалното отворање на канцелариите присуствуваа локални функционери, деловни партнери на компанијата и вработени во MaxBet.

По отворањето на седиштето во Македонија, MaxBet ќе продолжи со ширење на својата мрежа во земјата и ќе продолжи со регрутирање кадри за различни позиции во секторот на игри на среќа, а ќе биде и придружна поддршка на Дирекцијата во форма на работни места во ИТ секторот, правно-финансискиот, маркетинг секторот, итн..

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата ги обврза пекарите да произведуваат и продаваат леб по замрзната цена

Редакција

(Фото) Тренчевска: САСА е пример за современ руднички комплекс кој се грижи за благосостојбата на вработените и родовата еднаквост

Редакција

Како македонските компании најдобро да го организираат службениот возен парк

Редакција