еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ТЕЦ Осломеј исклучен поради самозапалување на јаглен надвор од електраната, во делот за отпепелување

Термоелектраната Осломеј ноќеска е исклучена од производство поради проблем со еден од вентилаторите во делот на отпепелувањето, што доведе до самозапалување на помала количина несогорен јаглен и пепел, информираат од АД ЕСМ.

Од компанијата додаваат дека настанатиот пожар кој е од помали размери надвор од термоелектраната, е локализиран со сопствени ресурси, додека од превентивни причини е повикана противпожарната служба, согласно процедурите за постапување.

„Веднаш ќе се пристапи кон санирање во делот на вентилацијата на отпепелувањето и се очекува електраната да биде вратена на мрежа во најбрзо време и да работи според планот за производство, за што е обезбедена доволна количина набавен јаглен и јаглен од сопствен ископ на РЕК Осломеј,“ се вели во соопштеноето од АД ЕСМ.

Според компанијата застојот нема да предизвика недостиг на електрична енергија во системот, односно потрошувачите ќе бидат задоволеми преку другите производни капацитети.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонските тинејџери вицешамиони на Европскиот квиз на пари

Редакција

Детален преглед: Какви се резултатите од гласањето по изборни единици?

Редакција

Ден Дончев го демантира контекстот на објавените „бомби“: „Видеоснимката е од поодамна и од приватен карактер“

Редакција