еМагазин
Image default
Локално

Маж од село Манастирец три пати ја застрелал баба си

Триесет и тригодишен маж од росоманското село Манастирец пукал синоќа во баба си. Жената се наоѓа во кавадаречката болница и за среќа не е во животозагрозувачка состојба.

Доктор Ратко Грков од Брза помош Кавадарци потврди дека интервенирале на местото на настанот и поради повредите, ја пренеле жената во болница.

Хирургот Благој Митев, кој синоќа бил дежурен во болницата во Кавадарци соопшти дека жената е задржана на хируршкото одделение.

„Има три метални предмети во екстремитетот. Во горниот дел на екстремитетот, кај надлактицата. Ќе се интервенира хируршки, за да се извадат. Кога ќе се извадат, ќе се види за што точно се работи“, појасни хирургот.

Портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски најави официјална информација за подоцна во текот на денот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

66-годишен планинар се изгубил на Плачковица, пронајден од спасувачката служба „Осогово“

Редакција

Охриѓанец неовластено снимал полицајци во угостителски објект

Редакција

(Видео) Во Слупчане ќе плаќале струја ако сметките биле помали од 3.000 денари

Редакција