Мечка нападнала 41-годишен маж додека собирал печурки во Курбиново

Секторот за односи со јавност при Секторот за внатрешни работи (СВР) Битола информира дека синоќа во 19:50 часот евидентирале пријава за напад на ресенчанец од мечка.

Од СВР Битола посочуваат дека во ресенското село Курбиново, Н.И. (41) жител на истото село, додека собирал печурки, бил нападнат од мечка.

Веднаш по нападот Н.И. бил однесен во Битола по што му била укажана лекарска помош во Клиничката болница.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести