Кој е Мендух Тачи, кој е реизбран за претседател на ДПА

Мендух Тачи е старо-новиот претседател на Демократската партија на Албанците (ДПА).

Тој на Конгрес на партијата доби уште еден мандат на функцијата претседател.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мендух Тачи останува на чело на ДПА

На Конгресот партијата избра и членови на Централното собрание.

Кој е Тачи

Роден е во Тетово на 3. март 1965 година.

Дипломирал стоматологија на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Приштина, Косово.

Зборува и француски јазик.

Политичка кариера

Политичката кариера ја почнал во Партијата за демократски просперитет (ПДП).

Потоа ја напушта партијата и станува дел од новата партија која произлегува од ПДП – ДПА, каде е избран за заменик претседател.

Изминативе години во неколку наврати беше пратеник во македонското Собрание, а моментално е единствениот пратеник на ДПА.

Во март 2019 година беше осуден на три години и два месеци затвор за предметот „Титаник 2“ на поранешното специјално јавно обвинителство (СЈО).

Во јануари 2023 година за истиот предмет на повтореното судење доби казна од две години затвор.

На крај, во ноември 2023 година за овој случај доби условна казна.

Приватно

Женет е, и има два сина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Мендух Тачи, кој е реизбран за претседател на ДПА

Фото: Тачи/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести