Httpool на Aleph и Meta најавија дека двете компании ќе соработуваат во Македонија под протокол на Авторизираната програма за партнерска продажба (ASP) на Meta.
Авторизираната партнерска програма на Meta е глобално дополнување на продажните тимови на Meta. Тие, воедно, ги поддржуваат промоторите и агенциите во домен на постигнување на нивните деловни цели, а преку обезбедување на локална асистенција и насоки за стратегија прават и експертски пристап до групата производи на Meta.
Темелниот процес поминат до избор и дозвола да работат, се гаранција дека Авторизираните партнери за родажба (ASP) на Meta им излегуваат во пресрет на агенциите и промотерите во нивните најголеми бизнис потреби.
Aleph, холдинг компанија на Httpool, е дел од програмата за Авторизирани партнери за продажба (ASP) од 2018-та и не само што го поддржува подемот на Meta, туку и локалниот рекламен екосистем што им помага на агенциите, промотерите и оние задолжени за протоколот за пристап на корисниците до нет базата на клиентот (SMB) за да успеат во дигиталниот маркетинг.
Aleph има одлична историја за кредибилитет во домен на дигиталниот маркетинг, а во интеракција е и со локалните, професионални тимови во повеќе региони низ светот, вклучувајќи ги Африка, Централна и Источна Европа и Азиско – Пацифичкиот регион.
Преку Aleph, лесно и темелно разбирање на Meta solutions, компанијата служи и како директна кота за контакт во врска со сите производи, апликации и услуги, овозможувајќи им на промотерите да го истакнат најдоброто од сѐ што може Meta да понуди.
Уште повеќе, заради тоа што со локалното присуство во Скопје, Httpool нуди поддршка на локалниот и националните јазици, обезбедува консултантски услуги, обострано, за стратешките и аспектите во врска со усовршеност на кампањите, а обезбедува и наплата во националната валута на земјата.
Во својство на Авторизиран партнер за продажба (ASP), Httpool на Aleph им обезбедува на промотерите можност за обуки, нуди и бесплатен пристап до програми, меѓу кои и курсеви и сертификати преку Meta Blueprint, со цел да им помогне на тимовите да ги научат новите, основни вештини за да ја максимизираат вредноста на нивните вложувања во дигиталниот маркетинг.
„Македонија и поширокиот регион на Јужна Европа се место со голем потенцијал и нашите напори да се поддржат луѓето и бизнисите таму се интензивни.
Httpool на Aleph е дел од Авторизираната партнерска програма на Meta од 2018. Со нашето комплетно продирање на локалниот пазар и направената експертиза, можеме да обезбедиме подобра поддршка за локалните бизниси и агенции, помагајќи им во домен на потенцијалот за доразвивање.
Преку присутноста на Httpool на пазарот, македонските промотери, сега имаат пристап до наплата во локалната валута“, изјави Bianca Vlaston, раководител на Meta Balkans.
„Одушевени сме што го носиме Httpool на Aleph во својство на Авторизиран партнер за продажба (ASP) на Meta во Македонија и убедени сме дека ова проширување ќе понуди развиена поддршка за локалните бизниси и агенции, поддржувајќи го и во иднина нивниот локален развој,“ рече Katarzyna Paliwoda, director emerging markets CEE во Meta.
За Httpool на Aleph
Httpool е компанија од групацијата Aleph, претставник на водечките платформи за дигитални медиуми на Балканот и преку 30 пазари во Европа и Азија.
Исклучителната комбинација за пристап до најголемите дигитални единки, сопствената технологија и бивањето експерт во стручноста (know-how), му дава за право на Httpool да ги поддржува бизнисите и брендовите во напорот да го максимизираат рекламирањето на својата работа, како и водење на истата.
Прочитајте повеќе на: httpool.com.
За Aleph
Aleph е светски водечки посредник за дигитално рекламирање, што поврзува илјадници промотери од растечките земји со светските водечки платформи за рекламирање.
Aleph ги претставува светските водечки платформи на 90 и повеќе пазари низ светот, каде тие не се физички присутни, овозможувајќи им платформи како Twitter, Meta, Snapchat и уште скоро повеќе од 30 други за да ги прошират на нови пазари, а помагајќи им и на промотерите да ја имаат комплетната предност по однос на рекламирањето на можностите што ги нудат платформите.
Во текот на овие долготрајни партнерства Aleph создава можности за сите луѓе и бизниси со цел неограничено да се рекламираат во локални и светски рамки.
Прочитајте повеќе на: alephholding.com.
За Meta
Meta создава технологии што им помагаат на луѓето да се поврзат, да најдат групи и да развиваат бизниси. Кога се оформи Facebook во 2004, се промени и начинот на кој луѓето се поврзуваат. Апликациите како: Messеnger, Instagram и WhatsApp поттикнаа уште милиони луѓе низ светот.
Сега, Meta ги надминува и 2D мониторите и се движи кон речиси реални искуства како да се 3D искуства, кон виртуелна реалност како би се одело кон новата еволуција на социјалната технологија.