еМагазин
Image default
Техно

Забавата не запира – нова промоција во мобилната припејд телефонија на А1Ч 20GB мобилен интернет за само 299 денари

A1 Македонија ја надополнува својата понуда за корисниците на мобилната припејд телефонија и воведува нова промоција со уште повеќе мобилен интернет со која корисницте добиваат можност за супер забава ова лето, многу гигабајти и уште поголема можност за нови и возбудливи доживувања, информираат од компанијата.

Со активирање на месечниот интернет пакет корисниците добиваат 20GB мобилен интернет за опуштено сурфање цел месец, за само 299 ден.

Постојните А1 Припејд корисници месечниот пакет со 20GB интернет можат да го активираат преку апликацијата Мојот А1 или со испраќање SMS-порака на бројот 1410 со текст 20GB. Пакетот со 20GB интернет ќе биде достапен за користење откако корисникот ќе добие потврда преку SMS-порака.

Новите При-пејд корисници треба да активираат А1 Припејд SIM-картичка за 299 денари со што добиваат една SIM-картичка со вклучени 20GB интернет, или А1 Duo за 399 денари со две SIM-картички, секоја со вклучени 20GB интернет и можат да ги користат во првите 2 недели од активирањето на SIM-картичките.

Дополнително, новите A1 Припејд корисници добиваат можност за неограничени разговори во мрежата на А1 во првата недела од активацијата како и 50 денари кредит што можат да го користат според своите потреби.

По истекот на промотивниот период, наведените пакети автоматски ќе бидат обноват, и тоа месечниот пакет со 20GB интернет за 299 ден. и неделниот пакет со неограничени разговори во А1 за 79 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телефон кој долго се очекуваше: Samsung Galaxy Z Fold2 пристигна во Македонија

Редакција

„A1 Academy” го отвара пријавувањето за модулот Бизнис аналитика

Редакција

Пет клучни иновации од Samsung во последните 50 години

Редакција