еМагазин
Image default
Бизнис

Млекара Здравје ќе го освојува ЕУ пазарот со добивањето на престижниот IFS стандард за безбедно производство

Македонската компанија Млекара Здравје успешно го имплементираше престижниот глобално препознатлив IFS интернационален стандард за квалитет и безбедност на производството.

Оваа македонска компанија стана една од ретките во регионот која може да се пофали со негово воведување, а што значи потврда за стандардизирани процеси на производство, под строги лабораториски контроли, во сите фази на производтсво, со елиминирање на евентуални можни неусогласености.

“Млекара Здравје е пример за компанија со визија, која веќе 20 години се носи со сите предизвици, и која континуирано се прилагодува на новите трендови и потреби на современите потрошувачи. Компанија која и покрај сите иновации и модернизации се труди да го зачува традиционалниот начин на производство и добро познатиот вкус и квалитет на производите на Млекара Здравје. Со овој сертификат се создаваат услови за зголемен извоз, и поголем пласман на ЕУ пазарите“, изјави Кристина Камчева Стојческа, извршен директор на Млекара Здравје.

Радмила Чобанова Василева, технолог и менаџер за контрола, истражување и развој во Млекара Здравје вели дека на конкурентниот меѓународен пазар, безбедноста и стандардизираниот квалитет се неопходен фактор за пласман на производите.

„Само напредното долгорочно размислување во бизнисот е патот кој води до конкурентска предност во очите на потрошувачите и вработените. Со имплементацијата на овој стандард се отвораат можности на Млекара Здравје за влез на високо конкурентните пазари, а пред се пристап кон големите европски синџири на маркети, кои бараат стандардизирани производи од секој аспект, со посебен фокус на безбедноста на производствениот процес.

Овој сертификат истовремено е и потврда за стратешки планираните и имплементирани инвестициони политики на Млекара Здравје, која последниве години се фокусираше во создавањето на нови погони, во автоматизиран процес на производство со најмодерна опрема, во сопствена лабораториска контрола и 100% ладен систем на транспорт, со цел да се создаде производ според високите ЕУ стандарди.

Со ова ја позиционираме компанијата како лидер во својата индустрија, прогресивна компанија која има интерес да го унапреди производството со цел поголемо задоволство на потрошувачите”, изјави Чобанова Василева.

Млекара Здравје е лидер на домашниот пазар во понудата и продажбата на тврдата млечна програма. Сирењата и кашкавалите со право се меѓу најомилените производи на потрошувачите и од регионот, додека млекото и јогуртот се со висок и стандарден квалитет по прифатлива цена. Во процесот на производство се користи млеко од најдобрите македонски фарми.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Мода“ од Свети Николе во загуба во првите девет месеци од годината

Редакција

Нов генерален директор на Сава осигурување е Ило Ристовски

Редакција

Фондот за осигурување на депозити склучил договор со банките за обесштетување на граѓаните кои имаат депозити во „Еуростандард банка“

Редакција