Со организираниот лет за репатријација на македонските граѓани затекнати во Италија, денеска се вратени 152 македонски државјани.
Како што информираат од Министерството за надворешни работи, од пријавените 180 лица кои го потврдиле враќањето, 152 лица пристигнале на аеродромот во Венеција и се качиле на летот кон Скопје.
По пристигнувањето во земјата, тие ќе бидат упатени во задолжителен државен карантин во времетраење од три седмици, согласно одлуката на Владата, а во организација на генералниот секретаријат на Владата, МВР и Министерството за здравство.
На летот кон Италија во координација со италијанската Амбасада во земјата, беше организирана репатријација и на 32 странски државјани кои беа затекнати во Скопје, посочуваат од МНР.
МНР со благодарност и до сите инволвирани во процесот на репатријација, на колегите од Кризниот тим при ова Министерство и колегите од сите наши дипломатско-конзуларните претставништва за посветеноста во овие исклучително отежнати услови за работа.
Според статистиката на МНР, заклучно до 10 април во земјата организирано со 11 летови и четири хуманитарни конвои во земјава се вратени 2.704 наши државјани затекнати во странство, а репатрирани беа и над 700 странски државјани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Oд Италија денеска се враќаат 180 граѓани, ќе бидат во карантин во хотелот „Дрим“
Починаа уште шест лица заболени од корона вирусот
Нови 54 случаи на заразени од корона вирусот, вкупно 908 лица
Десет новозаразени со корона вирусот во Прилеп, тројца починати