еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

МЗШВ одржа форум за унапредување на спроведувањето и користењето на средствата од ИПАРД 2014-2020

Секторот за управување со ИПАРД фондови при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство почетокот на оваа недела го одбележа со одржување на Форум за унапредување на спроведувањето и користењето на средствата од ИПАРД Програмата 2014-2020. На 6-ти и 7-ми октомври, во хотел Аурора во Берово, се одржа дводневниот форум каде што беа претставени ИПАРД можностите за македонските рурални средини.

На Форумот со свои презентации учествуваа Секторот за одобрување на проекти и Секторот за одобрување на исплати од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, под модераторство на Телото за управување со ИПАРД.

Презентациите и дискусиите се однесуваа за Мерка 1 „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства„, Мерка 3 „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“ и Мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“. За сите мерки посебно беа објаснети начините за поднесување на барања за финансиска поддршка и барањата за исплата, и особено сите потребни документи при поднесувањето на барањата.

Дополнителни информации и детали за инфо деновите за ИПАРД 2014-2020, сите заинтересирани лица, може да добијат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk), (mzsv.gov.mk), Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (agencija.gov.mk) и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (ipardpa.gov.mk), или на телефонските броеви на Секторот за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 И 047/228-370.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еврокомисијата предложи царинска реформа, која вклучува царина за стоки со вредност помала од 150 евра

Редакција

Нема веќе пречки за Македонија, Бугарија го прифати решението: За еврокомесарот Вархеји проблемот е решен

Редакција

Блумберг: ЕУ пред крах со вакцинирањето, обезбедени само 8,9 милиони дози

Редакција