еМагазин
Image default
Бизнис

МЗТ Пумпи со зголемена добивка во првите девет месеци

МЗТ Пумпи АД Скопје за периодот  јануари – септември 2022 година оствари позитивен финансиски резултат, бруто добивка пред оданочување во износ од 15.579 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Во пресметковниот период јануари – септември од деловната 2022 година остварени се оперативни приходи во износ од 119.487 илјади денари, кои бележат зголемување од 28% во однос на истиот пресметковен период од минатата година.

Во структурата на оперативните приходи, приходите од продажба на домашен пазар бележат намалување од 5%  во споредба со истиот период од минатата година, додека приходите од продажба на странскиот пазар бележат зголемување од 71 % во споредба со истиот период од минатата.

Вкупните оперативни расходи во 2022 година изнесуваат 110.155 илјади денари, кои бележат зголемување за 5% во однос на истиот период од минатата година.

Промената на вредноста на залихите во пресметковен период од деловната година како разлика помеѓу вредноста на залихите на почетокот и на крајот на пресметковниот период, генерира расходна ставка во износ од 8.744 илјади денари и Друштвото оствари оперативна добивка во износ од 18.076 илјади денари.

Остварената оперативна добивка во пресметковниот период од деловната година е значително зголемена во однос на истиот пресметковен период на минатата година во која исто така имаше искажано оперативна добивка, што се должи на зголемување на оперативните приходи во 2022 година, и тоа како резултат на зголемувањето на приходите од странски пазар.

Финансиските расходи во пресметковниот период од деловната година се поголеми од финансиските приходи  од деловната година во износ од 2.497 илјади денари, што од своја страна го намалува нето финансискиот ефект од работењето на Друштвото, и Друштвото оствари добивка од редовно работење на износ од 15.579 илјади денари, велат од Друштвото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„МЗТ Пумпи“ оствари добивка од 2,1 милиони денари за девет месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе има брза лента за издавање патни документи на професионалните возачи

Редакција

Вице Заев стана мнозински сопственик во Герас Цунев-трговија и Герас Цунев-конфекција

Редакција

ЕСМ склучи договор со Новоматрикс вреден 2,2 милиони евра

Редакција