еМагазин
Image default
Бизнис

„МЗТ Пумпи“ оствари добивка од 2,1 милиони денари за девет месеци

„МЗТ Пумпи“ АД Скопје за периодот јануари – септември 2020 година оствари нето добивка по оданочување во износ од 2.148.000 денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Друштвото ги следи економските трендови во националната, регионалната и глобалната економија со цел да се здобие со информации корисни за процесот на одлучување. Ново настаната ситуација што ја зафати нашата држава со Ковид-19, имаше влијание и во работењето на нашето друштво.

Друштвото досегашното свое работење го извршуваше во согласност со своите утврдени стратешки цели и деловната политика со цел унапредување и постигнување на подобри рзултати во своето работење.

Основна определба на компанијата и понатаму мора да биде извозната орентација, подобрувањето на квалитетот на своите производи исто така ќе продолжи со трендот на рехабилитација на постоечките капацитети, подобрување на работните услови и инвестиции во нова опрема и посовремена технологија“, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Глигорие Гоговски купи 2.000 акции од ТТК Банка

Редакција

Нема потреба од ребаланс на буџетот за одвоените средства за референдумот, вели Тевдовски

Редакција

Илија Тозија од лични причини не сака да биде член на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола

Редакција