Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 924 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.
„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 129 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 81 пациент.
На инфективното одделение во Тетово има 38 пациенти, во Велес се лекуваат 92 болни, а во Куманово 101 пациент позитивен и суспектен на Ковид-19.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 90 пациенти, во Прилеп 99 во ковид центарот во Гостивар 36, а во Струга 24 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 101 пациенти, во Кочани 29 во Кичево 30, Кавадарци 56, а во Гевгелија 18 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.
Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.585 и има околу 400 празни болнички кревети во ковид центрите.
Фото: МЗ