еМагазин
Image default
Македонија

На престојните парламентарни избори ќе нема независни листи на пратеници

На полноќ истече рокот за собирање потписи за независните листи и според податоците од Државната изборна комисија (ДИК) на претстојните предвремени парламентарни избори ќе нема ниту една независна листа на пратеници, бидејќи не е исполнет условот за илјада потписи.

ДИК информира дека ниту еден од шестмината независни носители кои се пријавија до истекот на рокот не собрал повеќе од 553 граѓански потписи од потребните илјада.

Најмногу потписи, 553, собра листата на група избирачи предводена од Горан Тасковски, во Изборната единица 5.

Другите носители на независни листи беа Емилија Гелева, Игор Цветковски, Зоран Мијалков, Петар Котевски и Исмаил Бојда. 

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од ДУИ не исклучуваат предвремени избори, од СДСМ најавуваат наскоро обелоденување на одлуката

Редакција

Пиштолот со кој се пукаше кај „Скендербег“, не бил огнено оружје, велат од Обвинителство

Редакција

Следната недела почнува скрининг тестирање за корона вирусот кај сите критични категории

Редакција