еМагазин
Image default
Локално

На раководител му „снемало“ 333 грла заштитен дивеч од ловиштето во Осогово

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани, до Основното јавно обвинителство Кочани, поднесе кривична пријава против В.Ч.(53) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „несовесно работење во службата“, предвидено и казниво по член 353-в став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија, информира МВР.

Пријавениот во периодот од 2015 до 2018 година, како раководител на ловиште во Подрачното шумско стопанство „Осогово“ – Кочани во Јавното претпријатие „Македонски шуми“, со пропуштање на должен надзор несовесно постапил во вршење на своите овластувања и должности поради што дошло до значително намалување на бројната состојба на заштитениот дивеч во ловиштето во Кочани.

„Со непреземање на должните дејствија, односно непреземање на потребните мерки за заштита и одгледување на дивечот во ловиштето, постапил спротивно на Законот за ловство, поради што дошло до намалување на 333 грла на заштитен  дивеч, утврдено од страна на пописна комисија од ПШС „Осогово“, со што го оштетил ЈП „Македонски шуми“- Скопје за износ од 113.221.500 денари“, информира МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обид за трикратно убиство во Сарај

Редакција

29-годишно момче од Прилеп загина во сообраќајка

Редакција

Богдановиќ за плацот кај „Холидеј ин“: Aко некој не го фати за гуша тој што направил план во 2012, бадијала расправаме

Редакција