еМагазин
Image default
Македонија

На специјализантите ќе им бидат платени дежурствата и ќе имаат здравствено осигурување

Платени дежурства и надомест за здравствено осигурување е нешто што за првпат го добиваат специјализантите во нашата држава, инфромираат од Министерство за здравство.

Во соопштението се додава дека, решавањето на ова прашање ги опфаќа сите идни приватни специјализанти и придонесува за зголемување на мотивацијата при работењето.

„Со здравственото осигурување којашто процедура е во тек за првпат приватните специјализанти се здравствено осигурани, што значи дека може бесплатно да се лекуваат во установите во коишто работат.

Со најавените платени дежурства коишто треба да почнат од 1 јуни исто така за првпат специјализантите добиваат платени дежурства со што би сметала дека се подобрува статусот на специјализантите нормално и мотивираноста за работа заради тоа што дежурствата се 20/20 или 24 часовна работа.

Во зависност од потребите на клиниката и во зависност од бројот на специјализантите коишто се на располагање на клиниката зависи и бројот на дежурства.

Во овој период на ковид-криза бројот на специјализанти кои работеа на клиниките беше помал што значи дека бројот на дежурства се зголемуваше. Во изминатите месеци се случувало да имаме и по шест дежурства месечно тоа се 24 часовна работа,“ изјави Симона Сапунџија, специјализант на Клиниката за уво, нос и грло.

Откако претходно специјализантите ќе пополнат изјава во Фондот за здравство осигурување дека немаат други приходи освен надоместокот кој го добиваат од државата, ќе добијат надомест за здравствено осигурување.

Дополнително, на специјализантите ќе им се исплаќаат и надоместоци за дежурствата во нето-износ од 1.800, 2.700 и 3.600 денари. Приватните специјализанти како учесници во давање здравствени услуги ќе добијат и 5 проценти бонус за борба против Ковид-19.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Веста за апсењето на актерката Силвија Стојановска одекна на Балканот

Редакција

Аеродром и Гази Баба на врвот според активни случаи на Ковид-19: Детален преглед по скопските општини

Редакција

(Галерија) Нашите војници покажаа дека се професионално обучени согласно највисоките НАТО стандарди, вели Пендаровски

Редакција