еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Галерија) Нашите војници покажаа дека се професионално обучени согласно највисоките НАТО стандарди, вели Пендаровски

Претседателот и врховен командант Стево Пендаровски денеска се обрати на свеченоста во касарната „Илинден“ во Скопје, по повод завршувањето на учеството на Армијата во мировната мисија во Исламската Република Авганистан 2002/2021.

„Оваа мировна мисија потврди дека нашите војници можат да служат успешно во рамките на било која мировна мисија, дека се обучени на највисоко професионално ниво и во согласност со највисоките стандарди на НАТО“, рече тој.

Пендаровски во своето обраќање истакна дека од земја – корисник, станавме земја извозник на безбедноста.

„Политичката одлука за испраќање на наши војници во странство е секогаш една од најтешките дилеми пред која можат да бидат исправени политичарите, но, денес, од оваа перспектива, убеден сум дека тогаш беше донесена вистинската одлука.

Политичарите често не се согласуваат за многу теми, но, кога стануваше збор за упатување на нашите луѓе во мировни мисии, Парламентот одлуките секогаш ги носеше едногласно.

Почнавме скромно, со испраќање на два штабни офицера во Меѓународните безбедносни сили за помош, продолживме со испраќање на поголеми контингенти. Учествувавме во заеднички состави со мировници од Турција и од Обединетото Кралство, испративме контингент во состав со Националната гарда на Вермонт од САД.

Имавме медицински тимови во состав на грчката, чешката и норвешката полска болница и заедно со земјите од Jадранската Повелба,“ додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По 19 години, заврши учеството на македонската Армија во мировната мисија во Авганистан

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Државниот врв традиционално на именден кај г.г Стефан

Редакција

Од Владата ниту потврдуваат, ниту демантираат дека телевизиска презентерка е назначена за конзул во Њујорк

Редакција

Епидемиолошката состојба во Велес сериозна и критична

Редакција