еМагазин
Image default
Македонија

Разочарани сме од одложувањето на датумот за почеток на преговорите, рече Џафери на средба со европратениците Шидер, Ќучук и Валсман

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска во Брисел имаше средба со пратениците од Европскиот парламент, Андрас Шидер, Илхан Ќучук и Марион Валсман, на која со соговорниците се осврнал на евроинтеграциите на Македонија, тековните активности во Собранието, како и на идните активности поврзани со Жан Моне дијалогот.

„Претседателот Џафери ја искажа личната и колективната разочараност од одложувањето на датумот за почеток на прговори на Република Северна Македонија со Европската унија.

Џафери ги информираше европратениците за тековниот статус и напредокот којшто се постигна во процесот на усогласување на измените и дополнувањњата на Деловникот на Собранието и очекувањата од усолгасувањето на мислењата на политичките партии на следната рунда на Дијалогот,“ информираат од Собрание.

Пратениците од Европскиот Парламент истакнале дека и покрај пандемијата со Ковид-19, комуникацијата меѓу Собранието и пратениците од Европскиот Парламент не е прекината, одржана е виртуелна средба со европратениците на која присуствуваа координаторите на политичките партии во Собранието, што е показател дека одлуките кои што се носат преку Жан Моне дијалогот се носат со консензус.

„Присутните изразија надеж дека преку имунизација на граѓаните, активностите ќе се вратат во нормала и дека ќе се постигне дополнителен напредок во реформите кои треба да ги донесе Жан Моне дијалогот, особено преку одржување на средба со физичко присуство.

Тројцата пратеници ја изразија безрезервната поддршка за отворање на преговорите со Европската унија за Република Северна Македонија и надеж дека евроинтегративниот процес ќе се движи во посакуваната насока,“ се додава во соопштението.

Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

466 прекршоци за неносење маски

Редакција

Кумановчанката со кариера во УБК имала невалидна диплома од Универзитетот за туризам и менаџмент

Редакција

Министерката Петровска од Софија: Бугарија има сојузник на западната граница

Редакција